Тео Ернандез, минатата сезона веројатно беше најголемото разочарување во тимот на Милан. Францускиот репрезентативец ќе го напушти клубот. Прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата.
Италијанските медиуми, во вторникот, објавија дека Ал-Хилал и Милан постигнале договор. Клкубот од Саудиска Арабија ќе плати 30 милиони евра во фиксна цена и дополнителни 5 милиони во бонуси.
Сепак, трансферот сè уште не е завршен бидејќи личните услови на Ернандез сè уште не се договорени. Наводно, Ернандез наскоро ќе одлучи дали да ја прифати понуда на Ал-Хилал или остане во остане во Европа.
Новиот тренер Масимилијано Алегри го сака Андреа Камбијасо од Јувентус како свој нов лев бек.
Ернандез е член на Милан од 2019 година, а претходно играл за Атлетико Мадрид, Алавес, Реал Мадрид. Оваа сезона одигра 49 натпревари и постигна пет гола.