Португалија е дел од завршниот турнир во Лигата на нации каде ќе се обиде да дојде до уште еден трофеј во ова натпреварување.
Кристијано Роналдо и овојпат е предводник на националниот тим, односно со своето искуство, квалитет е лидер на теренот и надвор од него.
- На теренот е постојано во фокусот и под строг надзор. Надвор од теренот, играчите мора да покажат тимски вредности и кога зборуваме за играчи како Жоао Невес и Родриго Мора, можноста да разговараат со Кристијано им помага во нивните идни настапи во националниот тим, - вели селекторот Роберто Мартинез кој не знае уште колку долго Ронало ќе игра за националниот тим.
- Никој нема план, дури ни самиот Кристијано. Ја градиме нашата стратегија според противникот, а не според еден играч. Имаме најдобри играчи во Европа и ако немаме јасен план, не можеме целосно да го искористиме нивниот индивидуален капацитет, - порача Шпанецот.
Ривал на Португалија во полуфиналето на ЛН е Германија.