Нов проблем за Јунајтед: Челси ќе плати казна, ама го враќа Санчо на „Олд Трафорд“

Дерби

03/06/2025

12:49

805

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед ќе мора да реши доста прашања во летниот преоден рок, да ја реши судбината на доста играчи кои не се во плановите на менаџерот Рубен Аморим, а еден од нив е Џејдон Санчо.

Јунајтед веруваше дека Санчо кој беше позајмен во Челси ќе остане на „Стемфорд Бриџ“, односно постоеше клаузула која го стави клубот од Лондон во таква позиција. „Сините“ седнаа на маса со офанзивецот, меѓутоа не успеее да постигнат договор околу личните услови и порадти тоа се одлучија да го вратат повремениот англиски репрезентативец на „Олд Трафорд“.

За овој потег ќе му платат казна на Јунајтед од 5 милиони фунти што не е проблем затоа што за перманентен трансфер ќе мораа да издвојат 25 милиони фунти.

Ова е нова главоболка за управата на „црвените ѓаволи“, па и за тренерот Амором затоа што во случна ситуација се Маркус Рашфорд и Антони кои исто беа на заеми во Астон Вила и Бетис, поточно таа нивна приказна е завршена, а во исто време не планираат да се вратат во Манчестер.

Ако на ова се додаде дека Јунајтед сака да се ослободи од Гарначо и уште некои играчи тогаш е јасно дека оперативците ќе имаат доста работа ова лето.