Фермин со јасна порака ги разреши сите дилеми околу неговата иднина

Дерби

03/06/2025

14:14

894

Големина на фонт

а а а

Фермин Лопез од 2023 година е дел од првиот тим на Барселона, место за кое се избори со напорна работа и тоа откао мина една сезона на позајмица во Линарес Депортиво.

Тој предизвик му помогна да напредува, порасне, созрее и доби шанса од Чави Ернандез, шанса која ја искористи и стана играч кој или е во почетната постава или сигурно влегува од клупата за резерви, поточно стандарден првотимец.

Потоа доби шанса и во националниот тим што јасно говори за неговиот напредок, статус како на клупско така и на репрезентативно ниво. Во минатава кампања тој одигра 46 средби за Барса со учинок од 8 гола и 10 асистенции во сите конкуренции. Овие изданија му донесоа интерес од други тимови, па Лопез е на „радарот“ на Интер и Манчестер Јунајтед, ама тој има јасна идеја каде ќе игра во следната кампања.

- Не планирам да си заминам. Многу сум среќен во Барса. Тоа беше мој сон и сакам да останам таму, - вели Лопес кој има договор до 2029 година.