Угледен британски медиум: Барселона ќе заработи казна за новата сезона во ЛШ!

Дерби

04/06/2025

11:35

159

Големина на фонт

а а а

Барселона заокружи една извонредна прва сезона под водство на Ханси Флик и оствари успеси кои никој не ги очекуваше, но резимето вели дека каталонците ги освоија сите три титули на домашната сцена, а беа блиску и до трофејот во Лигата на шампиони.

Најдобриот тим во Ла Лига триумфираше и во шпанскиот Суперкуп и во Копа дел Реј во сезоната во која успеа да се стабилизира и на финасиски план, но сепак според нормите на УЕФА, Барса одново го прекршила „ФФП правилото“ и сега се очекува да заработи поголема казна од онаа првата.

Како што информира угледниот британски медиум „Тајмс“, Барселона втора година по ред ги прекршила правилата за финансиски фер-плеј, што во превод треба да значи дека ќе биде активирана построга казна од онаа која вклучуваше само финансиска отштета.

Барса лани мораше да исплати 500 илјади евра за неисполнување на „ФФП правилото“, но поради повторно крешење на правилото, сега се очекува да и бидат одземени бодови во новата сезона во Лигата на шампиони, или да добие ограничување за бројот на фудбалери кои може да ги регистрира во Европа.

Во својата вест, „Тајмс“ информира дека правилата на УЕФА во оваа гледна точка ги прекршиле и Челси и Астон Вила, но бидејќи станува за прва година во која го прават тоа, ќе минат само со парични казни како што прво беше случај и со Барселона.