Дани Каравахал ја санираше тешката повреда на коленото и ќе му стои на располагање на новиот тренер Чаби Алонсо на Светското клупско првенство, натперварување кое буди голема страст кај играчите на Реал.
По разочарувачката сезона без освоен трофеј, Реал сигурно ќе сака да стигне до трофејот на премиерното издание на новото натпреварување на ФИФА, па по тој повод, капитенот на „кралскиот клуб“ одработи и интервју за официјалниот сајт на светската фудаблска асоцијација.
– Како што вели самото име на натперварувањето, Светско клупско првенство. Тоа значи дека ќе ги гледаме најдобрите тимови во светот, сите ќе се борат за една цел, а тоа е титутлата. Многу сме возбудени од ова натпреварување, ќе гледаме микс од различни екипи од различни континенти. Едвај чекаме да го одиграме првиот меч, – вели Карвахал.
Дани во јануари наполни 33 години и следнава сезона ќе му биде последна од важечкиот договор со Реал, па во ситуација кога клубот го доведе Трент Александер Арнолд, прашање е дали Карвахал уште долго ќе остане на „Бернабеу“.
Во овој момент, Карвахал вели дека е далеку од пензија, а исто така додава дека би сакал да искуси и нешто поинакво по крајот на авантурата во Реал.
– Кога ќе дојде денот да си заминам, или кога заедно ќе одлучиме дека е време за крај, би сакал да испробам друга лига која не е во Европа. МЛС лигата дефинитивно е добар кандидат за следна дестинација, – признава Карвахал.