СВР Скопје го расчисти убиството во обид од први јуни, поднесени кривични пријави против три лица

Макфакс

05/06/2025

10:04

168

Големина на фонт

а а а

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.С.(35) и А.С.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Имено, на 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет. Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје.

По преземени мерки и активности и обезбедени докази, утврдено е дека пријавените го сториле делото, по што на 03.06.2025 се лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Во координација со јавен обвинител е поднесена пријавата, а од судија на претходна постапка на Г.А. му е одредена мерка притвор од 30 дена, а на Б.С. и А.С. им е определена мерка домашен притвор од 30 дена.