Земјотрес со интензитет од 5,0 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Дали во југозападната покраина Јунан денеска, потврди Кинескиот центар за земјотреси.
Земјотресот се случил во 4:13 часот наутро по локално време на длабочина од 10 километри.
Според Кинескиот центар за земјотресни мрежи, во последните пет години се регистрирани 118 земјотреси со јачина од 3,0 степени или повисоки според Рихтеровата скала во радиус од 200 километри од епицентарот. Најсилниот од нив бил земјотрес со јачина од 6,4 степени во мај 2021 година, на 68 километри од епицентарот.