Министерот за одбрана на САД: Обврската на НАТО за пет проценти од БДП ќе биде исполнета

Макфакс

05/06/2025

10:52

125

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, изјави дека обврската на НАТО од пет проценти од БДП „ќе биде исполнета“ и дека за некој да биде во алијансата, мора да биде „подготвен за борба“.

„Тука сме за да ја продолжиме работата што ја започна претседателот на Соединетите Американски Држави, Трамп, а тоа е обврска од пет проценти од БДП во оваа алијанса, за која сметаме дека ќе се оствари“, изјави Хегсет пред новинарите во Брисел, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека ова мора да се случи до самитот во Хаг подоцна овој месец.