Радувај се Македонијо: ЕХФ пресече - Алкалоид е освојувач на Европскиот Куп

Дерби

05/06/2025

11:27

2.331

Големина на фонт

а а а

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и нејзините дисциплинци конечно донесоа одлука за неодиграниот меч меѓу Алкалоид и АЕК во финалето на Европскиот куп на ЕХФ.

Грчкиот тим не истрча на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и поради тоа ЕХФ отвори случај кој дури денеска доби официјална завршница.

Алкалоид го доби натпреварот со службени 10-0 и си оглед на тоа што претходно славеше и во Атина, тимот предводен од Кире Лазаров е освојувач на трофејот во Европскиот Куп.


Во одлуката се вели дека АЕК бил должен да учествува во закажаниот натпревар, а одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на и затоа е одговорен.

Инаку сè уште се водат постапки за одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите што значи дека најверојатно Алкалоид ќе биде казнет поради влезниците, но санкции ќе има и за грчкиот тим кој има право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.