Србин спаси Македонец во Грција: Скокна од лежалката и без размислување се стрча кон водата да помогне

A1ON.MK

05/06/2025

12:43

4.157

Големина на фонт

а а а

Постар човек од Скопје, кој бил на одмор со сопругата во Олимпик Бич, вчера ќе се удавел во морето. Млад човек од Србија, кој во тој момент бил на плажа, сфаќајќи што се случува, скокнал во водата и го извлекол несреќниот човек на брегот.

– Двојката влегла во водата држејќи се за раце. Сопругата е пливач, додека сопругот не знаел да плива. Тие се движеле околу 50 метри од брегот, каде што водата им била до половината, кога се слушнал крик и повик за помош. Девојка која била во нивна близина почнала да повикува помош. Во тој момент, млад човек од Србија, кој бил на плажата, скокнал од лежалка и без размислување се стрчал кон водата за да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата на брегот – велат сведоците на настанот.


За среќа, меѓу пливачите имало и девојка, докторка по професија, која веднаш започнала со реанимација.

– По некое време, човекот почнал да покажува знаци на живот – ги помрднувал рацете и нозете. Набрзо пристигнала Итна помош и го пренела во болница, а благодарение на брзата реакција на присутните и навремената помош, човекот бил спасен.