Интер притиска за Фабрегас, Комо воспоставил директен контакт со претседателот Марота

Дерби

05/06/2025

13:59

311

Големина на фонт

а а а

Актуелниот италијански и европски вицешампион Интер имаше лоша завршница на сезоната во која големата желба, цел и амбиција беше да се освојат трите трофеи, меѓутоа на крајот се случи најлошото сценарио и клубот остана со празни раце.

Неколку дена по дебаклот од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, официјално си замина тренерот Симоне Инѕаги и сега Интер бара наследник, а прв желба е Сеск Фабрегас.

Фабрегас одлично се снајде во Комо и стана интересен за доста клубови, претходно се поврзуваше и со Баер Леверкузен, но Комо ги одби нападите, понудите, сценарио кое ќе се повтори и со Интер.

- Го соопштивме нашето одбивање директно до претседателот на Интер, кој го призна тоа со учтивост и јасност што се очекува меѓу клубовите што имаат меѓусебно почитување.

- Поради оваа причина, гласините што инсистираат на нивниот интерес за нашиот тренер ги третираме како чиста фантазија - тешко кој би инсистирал по толку јасен одговор. Особено клуб од калибарот на Интер, - порача претседателот на Комо, Мирван Суварсо.

Тимот од Милано сега ќе се фокусира на еден од поранешните играчи Патрик Виера или Кристијан Куву кои се на чело на Џенова и Парма.