Рајндерс за најавениот трансфер: Можам да станам покомплетен фудбалер

Дерби

05/06/2025

14:24

422

Големина на фонт

а а а

Тиџани Рајндерс од 2023 година е дел од калчолигашот Милан, тим во кој одлично се вклопи и се покажа како одлично засилување.

Тој беше најдобар, најконстантен играч на „росонерите“ во претходнава кампања каде одигра 52 натпревари во сите конкуренции со учинок од 10 гола и 5 асистенции. Оваа кампања му донесе поголема популарност, интерес од останатите клубови и иако пред некое време го продолжи договорот, најверојатно ќе го напушти „Сан Сиро“ во текот на летниов преоден рок.

Наредната дестинација треба да биде Манчестер Сити, нешто што го потврди и самиот Холанѓанец.

- Дали е вистина дека сум ги договорил личните услови? Сè уште има неколку последни детали што треба да се средат. Останува да почекаме и да видиме. Не можам да кажам ништо повеќе за тоа. Јас сум сè уште играч на Милан и морам да го почитувам тоа. Исто така, чекам да видам што ќе направат клубовите, - вели Рајндерс кој смета дека во Сити може да стане покомплетен фудбалер.

- Дали се плашам дека „слободата“ во мојата игра ќе биде изгубена под водство на Гвардиола? Ќе мора да почекаме и да видиме дали тоа ќе се случи. Секогаш има простор за развој, во секој поглед, особено како играч од средниот ред. Има толку многу работи што можете да ги развиете. Можам да станам покомплетен играч од средниот ред таму, ако договорот се реализира.

- Мислам дека сум модерен играч од средниот ред. И секогаш сум во форма, што е исто така предност. За среќа, досега секогаш сум бил фит и се надевам дека ќе останам таков што е можно подолго, - заврши 26-годишниот холандски репрезентативец.