Торино се раздели со тренерот Ваноли и го именува Барони за шеф на стручниот штаб

Макфакс

05/06/2025

14:45

247

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот стручњак Паоло Ваноли повеќе не е тренер на Торино, објави клубот.

„Торино и тренерот Паоло Ваноли нема да продолжат заедно во следниот шампионат. Клубот сака да им се заблагодари на Ваноли и неговиот тим за посветеноста и заложбата што ја покажаа минатата сезона во „Граната“ и им посакува се најдобро во иднина“, беше објавено на веб-страницата на клубот.

Ваноли ја напушти клупата на „биковите“ по само една сезона. Во својата тренерска кариера досега, тој ги предводеше и Венеција и Спартак Москва пред да се пресели во Торино.

Нов тренер на Торино ќе биде Марко Барони, кој минатата недела доби отказ во Лацио.

Како што објави клубот, Барони потпишал двегодишен договор.

Во својата богата тренерска кариера, Барони меѓу другите ги предводел Лацио, Верона и Лече.