Се чини дека нема место за солзи, бидејќи Дакота Џонсон работи напорно на промоцијата на новата романтична комедија „Материјалисти“ во која глуми со Крис Еванс и Педро Паскал.
Пред неколку дена светот го „потресе“ веста дека холивудската убавица Дакота Џонсон и фронтменот на популарниот бенд „Колдплеј“ Крис Мартин ја раскинале осумгодишната врска.
„Овој пат се чини дека раскинувањето е конечно“, изјавил извор за раскинувањето, а веста ја пренесе магазинот „Пипл“.
Сепак, познатата убавица не останала дома да тагува, туку го извадила најсексапилниот фустан од гардероберот и се упатила кон студиото на „Ен-би-си“.
Дакота гостувала во емисијата „Доцна вечер со Сет Мејерс“, каде што зборувала за деталите од филмот. За таа пригода, Дакота облекла фустан од црн тил кој открива сè под него.
Благодарение на овој ризичен материјал, имавме можност да ја видиме нејзината завидна фигура, но и нејзините витки нозе.
Стајлингот го комплетирала со црни чевли со високи потпетици и кафеава мини чанта. Што се однесува до фризурата, таа само ја пуштила косата слободно да паѓа по рамената.
Инаку, не е тајна дека Џонсон сака да избира ризични комбинации на облека за големи настани.
При гостувањето во шоуто на Џими Фелон таа доживеа многу непријатна ситуација поради провокативниот фустан што го носеше со голем отвор на градите, а ниту на водителот не му беше сеедно.