Спасувачка акција на Јабланица: Повредена планинарка заглавена на непристапен терен

Макфакс

09/06/2025

14:30

218

Големина на фонт

а а а

Хеликоптер од МВР се упати на Јабланица каде на непристапен терен има повредена жена од Струга.

Од Црвен крст Охрид известија дека утрово добиле аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа од Струга, се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб.

Повик за интервенција на планината Јабланица

Утрово, оперативниот центар на ПСС доби аларм за интервенција на планината...

Posted by Ohrid red cross - Mountain Rescue Service on Monday, June 9, 2025

„Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција. Во меѓувреме, еден тим од шест спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пешки да пристапи во случај да нема можност за интервенција со хеликоптер“, велат од Црвениот крст.

За среќа, додаваат од таму, пред 30 мин беше беше полетан хеликотер на МВР, кој во содејство со припадници на Специјалната Антитерористичка Единица се на пат до местото на настанот, а тимот на ПСС се повлекува од терен.