Лапорта го потпишал договорот за првото летно засилување, Флик го побарал и фудбалерот со кој освои ЛШ со Баерн

Дерби

11/06/2025

09:57

309

Големина на фонт

а а а

Барселона веќе неколку недели работи на комплетирање на документите за ангажман на Жоан Гарсија, фудбалер кој до крајов на неделава, или на почетокот на наредната и официјално ќе стане нов голман на каталонскиот гигант.

Чуварот на мрежата даде зелено светло за комплетирање на трансферот уште на крајот на минатата седмица, но Барселона сега и дефинитивно го забразала темпото и ги испратила потребните документи во Ла Лига.

Со оглед на тоа што Еспањол не сака да преговара со лутиот ривал, Барселона ќе мора да исплати 25 милини евра во седиштетото на Ла Лига во вид на депозит, по што ќе стане јасно дека новиот шпански шампион ја исплаќа откупната клаузула.


Како што јавуваат угледните каталонски медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, Жоан Лапорта веќе ги потпишал документите и ја испратил документацијата во Ла Лига, со што е направен и завршниот чекор од страна на Барса за комплетирање на операцијата.

Истовремено, истите извори пренесуваат информација и за едно интересно засилување кое го побарал тренерот Ханси Флик, а кое е поволна опција бидејќи станува збор за слободен агент.

Германскиот стручњак побарал во својата ротација да го има Иван Перишиќ, искусното крило кое игра на високо ниво на 36-годишна возраст, а чија работна етика веќе му е позната на Флик од времето кога заедно соработуваа во Баерн Минхен.

Перишиќ одигра една сезона за Баерн во периодот кога беше освоена Лигата на шампиони, па очигледно Флик има многу добри спомени од Хрватот.