Гвардиола откри една добро чувана тајна од последните денови на Агуеро во Сити: „Копилето“ беше со јасен став!

Дерби

12/06/2025

11:18

420

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола одработи ексклузивно интервју за Јутјуб каналот „xBuyer“ кој го водат браќата Хавиер и Ерик Руиз, а во опуштениот разговор со двајцата сонародници, менаџерот на Манчестер Сити откри и една добро криена тајна.

Шпанскиот стручњак се отвори за анегдотата која досега не ја има прераскажано во јавноста, па бидејќи истата е поврзана за Кун Агуеро, неговиот коментар брзо привлече огромно внимание.

Гвардиола мораше сам да му соопшти на Агуеро дека неговото време во Сити е завршено и Пеп не ги криеше емоциите на последниот натпревар кој го одигра Аргентинецот, а сега откри и каква била реакцијата на Кун кога првпат му порачал дека нема да му биде продолжен договорот.

– Лична анегдота која секогаш ме возбуудва е онаа со Кун Агуеро. Го обожавам Серхио, тој е еден од најскромните великани кои сум ги видел во фудбалот. Тој е фин човек, но и фудбалер кој го постигна најважниот гол во историјата на Манчестер Сити. Неговиот гол за прва титула во Премиер лигата ја промени историјата, после тоа клубот почна да верува.

– Се сеќавам на денот кога му кажав на Кун дека нема да му го обновиме договорот, тоа беше многу тешка ситуација. Тој ден „копилето“ постигна 200 голови на натпреварите на мали голови на тренинзите. Беше со став: Ќе му покажам на овој циган колку вредам…… За време на тренингот му велев дека сум погрешил и дека ќе му го продолжам договорот. После тоа, за крај постигна и два гола на последниот натпревар. За мене беше привилегија да го тренирам Агуеро, тој имаше уникатен талент, – вели Гвардиола.