Пристигна шампионското засилување: Тифозите на Наполи го пречекаа Де Брујне во Рим

Дерби

12/06/2025

11:24

400

Големина на фонт

а а а

Кевин Де Брујне стави крај на својата историска и незаборавна етапа во Манчестер Сити, па иако во прв момент се чинеше дека ќе се одлучи за егзотична дестинација за продолжување на кариерата, Белгиецот сепак реши да остане дел од најквалитетниот фудбал во Европа.

После неколкунеделни преговори, Де Брујне си подаде рака со Наполи, па во најскоро можно време треба да се претвори во прво огромно засилување за Антонио Конте.

Искусниот стручњак остана во Наполи по убедување на Де Лаурентис и откако доби гаранција дека ќе добие елитни засилувања, а првото од низата кои треба да се реализираат е токму Де Брујне.

Кевин ова утро слета на аеродромот во Рим и беше уловен од страна на фоторепортерите и камерманите, но од друга страна, не разочараа и тифозите на Наполи кои приредија пречек за Белгиецот и покрај тоа што се уште не е стигна во Неапол.

Де Брујне медицинските прегледи ќе ги направи во позната клиника од Рим, од каде се чека зелено светло за целосно комплетирање на трансферот.