Емина Јаховиќ одлучи да се разведе од колегата Мустафа Сандал уште во 2018 година. Судењето околу алиментацијата се одолговлече, а таа повеќепати во изминатиот период зборуваше за своите приватни проблеми.
Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг ја завршија својата љубовна приказна по 10 години брак, но разводот не помина мирно, па поранешните сопружници завршија на суд.
Имено, Емина во еден период го тужеше поранешниот сопруг затоа што не уплаќал алиментација за децата, меѓутоа, Сандал поднесе контратужба и, според пишувањата на турските медиуми, наводно приложил докази дека од моментот на разводот до тогаш уплатил вкупно 1,8 милиони турски лири (околу 115.000 евра).
„Не ми е гајле дали Мустафа има сега пари или нема. Нека се снајде. И јас се снаоѓав после разводот. Должен е на синовите се да им исплати, до последното евро. Мене тие неговите пари не ми требаат. Синовите ќе почнат да живеат самостојно, а токму тие пари ќе им бидат од голема корист.“
Јаховиќ своевремено открила во која фаза е спорот, а тоа предизвика големо внимание во јавноста.
„Продолжува и ќе продолжи. Во мојот случај се работи само за принцип што мора да се почитува и за одговорност која мора да се преземе. Адвокатите си ја вршат својата работа, јас не се мешам“, рекла тогаш Емина, а потоа признала дека луѓето во Турција не се објективни по ова прашање.
„За жал, не се. Скоро сите написи во весниците секогаш се на страна на мојот поранешен сопруг, случајно или намерно. Но, одамна престанав да се грижам. Едноставно, тоа веќе не ме погодува“, искрено признала тогаш Емина за „Стори“.
Го обвини Мустафа дека лаже
Емина тврдеше и дека Мустафа лажел оти има финансиски проблеми.
„Сè уште се судиме и се надевам дека правдата ќе победи! Тој не е во никаква криза. Еве, ако еден ден навистина има финансиски проблеми, ќе работам бесплатно за него“, изјавила Емина.
Инаку, пејачот во меѓувреме, во 2022 година, се ожени со 19 години помладата Мелис Шутшуруп и неговата свадба турските медиуми ја проценија на 200.000 евра.