Ројтерс: Луѓето на Трамп го предупредија Катар и неговите сојузници неколку часа пред израелскиот напад

Макфакс

13/06/2025

19:52

734

Големина на фонт

а а а

Американскиот Стејт департмент однапред информирал неколку регионални сојузници на Блискиот Исток за планираниот израелски напад врз Иран, неколку часа пред почетокот на операцијата, тврдат тројца извори запознаени со ситуацијата, пренесува Ројтерс.

Во дипломатската нота испратена во четвртокот попладне, Стејт департментот потврдил дека израелскиот напад ќе се случи доцна во ноќта. Катар бил меѓу земјите кои го добиле предупредувањето.

Во пораката се наведува дека Вашингтон не учествувал во израелската операција ниту дал каква било поддршка. Се истакнува и дека претседателот Доналд Трамп јасно ја изразил својата желба за мир во регионот, но и цврстиот став дека на Техеран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.

За потсетување, Израел започна бран воздушни напади низ Иран ноќта меѓу четвртокот кон петокот, тврдејќи дека погодил нуклеарни локации, ракетни фабрики и високи воени команданти, што може да биде долготрајна операција чија цел е да се спречи Иран да развие атомска бомба.

Стејт департментот не одговори веднаш на барањето за коментар.