Вчера вечер во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 56-годишниот Н.А. од Скопје.
Претходно, на улицата „Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје.
При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 од Кривичниот законик-„предизвикување општа опасност“.