Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

20/06/2025

20:58

268

Големина на фонт

а а а

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на која ги објави имињата на 19 кандидати за градоначалници.

„Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче. Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.