Иран ја потврди смртта на висок воен функционер, најави сурова одмазда

Макфакс

25/06/2025

18:35

381

Големина на фонт

а а а

Командантот на елитната командна станица на Револуционерната гарда на Иран, Али Шадмани, почина од повредите здобиени минатата недела во израелските воздушни напади, потврди Иран, според „Иран Интернешнл“.

Израел соопшти дека Али Шадмани бил најблиската личност до врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Според иранските медиуми, командата на ИРГК вети „сурова одмазда“ за убиството на генералот Шадмани.

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го убила Али Шадмани во ноќен напад врз „команден центар во срцето на Техеран“. Израел го идентификуваше Шадмани како воен началник на Генералштабот на Иран и врвен воен командант.

Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), Шадмани беше близок помошник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

ИДФ соопшти дека Шадмани бил и командант на Командата за вонредни ситуации на иранските вооружени сили и дека и ИРГК и иранската армија биле под негова команда.

„На почетокот на операцијата, тој беше назначен за командант на иранските вооружени сили откако неговиот претходник, Ала Али Рашид, беше елиминиран во почетниот напад на операцијата соопшти ИДФ минатата недела.