[ВИДЕО] Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Макфакс

25/06/2025

20:11

383

Големина на фонт

а а а

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис, соопшти полицијата.

Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.

Според соопштеното, одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.