[ФОТО] „Најубавата“ актерка покажа како се оди на Вимблдон

Точка

03/07/2025

08:47

2.179

Големина на фонт

а а а

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па така и нејзинaта посета на големиот тениски турнир не помина незабележано.

Убавата актерка присуствувала на спектаклот на трева во друштво на нејзината најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.


Фотографиите ги објави на својот профил на Инстаграм, па имавме можност да видиме што најубавата актерка во светот носи за дневни пригоди.


Како што може да види, таа се одлучила за летен лелеав фустан во сина боја, кој само малку ја истакна нејзината витка фигура. Додаде бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружи со едноставни аксесоари и шминка во земјени тонови.

Додека нејзината ќерка Онор, исто така избра лелеав фустан но со тенки прерамки и цветни мотиви во црвена и сина боја. Изданието го заокружи со едноставен накит и ненаметлива шминка.


Навистина, вистина е кога велат – каква мајка, таква ќерка! И двете се природно убави.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk