Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Макфакс

06/07/2025

13:34

113

Големина на фонт

а а а

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се’ помалку за живот. За 20 отсто е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20 проценти помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.

„Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија. 70 проценти од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра“,рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива.

„Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие – релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа“, нагласи Шукова.

Притоа, потпретседателката Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.