Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.
Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое новороденче.
„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на Mozzart, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа,“ изјави со благодарност Д-р Кире Јоноски, директор на болницата.
Првите прегледи веќе се извршени, и тоа бесплатно, носејќи мир и сигурност во срцата на многу родители. Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите.
„Секоја донација што остава трага во нечиј живот е наш мотив да продолжиме. Особено кога станува збор за здравјето на децата – тоа е нешто што не познава компромис. Со донираниот апарат веќе се извршени бесплатни прегледи на мозок кај голем број новороденчиња. Горди сме што можеме да помогнеме таму каде што е најпотребно“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Ова не е првпат Mozzart да покаже дека зад нивното име стои вистинска грижа за заедницата. Нивната хуманост досега допре до бројни здравствени установи низ Македонија – од Клиниката за детски болести, до болниците во Штип, Гостивар, Битола и многу други.