[ВИДЕО] Анисимова ја изненади Сабаленка, Швјонтек се избори за прво финале на Вимблдон

Дерби

10/07/2025

20:09

256

Големина на фонт

а а а

Аманда Анисимова и Ига Швјонтек ќе водат битка за титулата на најпрестижниот турнир во светот на тенисот „Вимблдон“.

Ова е епилогот по денешните полуфинални мечеви во кои Анисимова ја изненади најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка.

Американката го доби соочувањето кое траеше повеќе од два ипол часа со со 2-1 во сетови со 6-4, 4-6 и 6-4 и на тој начин се избори за прво гренд слем финале во кариерата.

Швјонтек пак ја разби Белинда Бенчиќ и за првпат ќе има можност да игра за пехарот на Ол-Инглан Клаб. Тенисерката од Полска триумфираше со 6-2 и 6-0 и со своето искуство, знаење и квалитет сигурно ќе ја има улогата на фаворит во саботното финале во кое ќе се обиде да дојде до шестиот пехар на најголемите турнири.