Германскиот пливач Флоријан Велброк освои златен медал во дисциплината 10 километри на отворени води на Светското првенство во пливање во Сингапур.
Велброк, олимписки шампион од Токио 2021, триумфираше на оваа дистанца по трет пат во кариерата, по освојувањето на титулите во 2019 и 2023 година, завршувајќи ја трката за еден час, 59 минути и 55 секунди.
Трката се одржа околу малата островска област Сентоса, на југот на Сингапур.
🥇 World Champion
— World Aquatics (@WorldAquatics) July 16, 2025
Florian Wellbrock 🇩🇪 conquers the 10km #OpenWater title with an incredible pace of 1:12 per 100m 🔥🌊 #AQUASingapore25 pic.twitter.com/tUspLmb01I
Германскиот пливач беше побрз од Италијанецот Грегорио Палтринеири, светски шампион од 2022 година, кој го освои сребрениот медал со заостанување од 3,7 секунди.
Третото место и бронзата му припаднаа на Австралиецот Кајл Ли.
Стартот на трката, кој првобитно беше закажан за среда наутро, беше поместен за неколку часа за да се обезбедат соодветни услови и квалитет на водата.
Трката за жени на 10 километри, која беше планирана за вторник, исто така беше одложена поради истата причина и требаше да се одржи веднаш по машката трка.