[ВИДЕО] Малер на годината: Прослави гол во стилот на Роналдо и си нанесе тешка повреда на коленото

Дерби

18/07/2025

11:32

822

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо често ги менува прославите и знае да предизвика планетарна популарност со истите, но онаа последната со потсконување и извикување „Сиууу“ веќе неколку години се провлекува на фудбалските терени.

Португалската ѕвезда направи неговата прослава да биде легендарна и да биде имитирана од голем број фудбалски асови, меѓутоа сега добивме прв доказ дека истата знае да стане и опасна.

Натпреварот од Копа Паулиста во Бразил меѓу Монте Азул и Гремио Пруденте заврши 1:1, но оваа пресметка ќе остане во сеќавање поради бизарниот и несреќен инцидент при постигнувањето на израмнувачкиот гол.

Кесли донесе реми за својот Гремио Пруденте откако беше прецизен по одбиената топка од противничкиот голман, а кога дојде на ред да го слави голот, следеше невиден малер за него.

Гостинскиот напаѓач тргна да го режира познатиот славенички ритуал на Роналдо, но додека го правеше тоа, целосно си го изврте коленото и си го скина предниот вкрстен лигамент…