Ливерпул активираше втора „трансфер бомба“ вредна 95 милиони евра

Дерби

20/07/2025

16:16

785

Големина на фонт

а а а

Ливерпул веќе детонираше една голема трансфер бомба со ангажманот на Флоријан Вирц од редовите на Баер Леверкузен, но како што стојат работите, и третото големо и звучно засилување за Арне Слот ќе пристигне од Бундеслигата.

По трансферите на Фримпонг и Вирц, Ливерпул рано утрово ги договорил условите за Иго Екитике, по што Ајнтрахт Франкфурт ќе заработи вртоглава сума на пари за продажбата на својот досегашен напаѓач.

Во ситуација кога Њукасл одби да преговара за Александер Исак, Ливерпул целосно се насочи кон Французинот и го издвои како мета број еден, а поселдните информации кои доаѓаат од угледни извори се дека англискиот шампион и дефинитивно ја комплетирал зделката.

Германскиот новинар Флоријан Плетенберг излезе со ексклузива за договорот кој го постигнале Ливерпул и Ајнтрахт, според кој бундеслигашот може максимално да инкасира дури 95 милиони евра (80 фиксни и 15 во вид на бонуси).

Оваа информација брзо ја потврдија и релеватни извори од Англија, кои исто така додаваат дека договорот ќе биде во важност до 2031-ва година, а лекарските прегледи ќе се одржат во првите неколку дена од наредната недела.