Предраг Мијатовиќ веќе некое време извршува важна директорска функција во Партизан и е одговорен за влечење на важни потези во клубот, но од друга страна, легендарниот Пеџа остана да живее во Шпанија и будно ги следи случувањата и во Реал Мадрид.
Легендарниот напаѓач често знае да коментира интересни теми поврзани за „кралскиот клуб“, а откако тимот на Чаби Алонсо доби лекција од ПСЖ во полуфиналето на Светското клупско првенство, се отворија доста дилеми околу изгледот на тимот за наредната сезона.
Без Лука Модриќ, Реал дополнително губи на креација, а Пеџа го советува Чаби Алонсо да донесе поискусен фудбалер на таа позиција и да не го „изгори“ Арда Ѓулер на кого многумина гледаат како природна замена за Хрватот.
– Кога ќе се земе во предвид се она што го видовме изминатите години, на Реал Мадрид му недостасуваат креативни фудбалери. Недостасува креација во средниот ред, а се надевам дека Реал Мадрид нема да изврши самоубиство.
– Да му се додели на Арда одговорнсота која ја имаше Модриќ ќе биде еднакво на самоубиство. Не смееме да дозволиме да ги „изгориме“ младите фудбалери, потребно е време за да покаже посакуваната зрелост. Реал мора да се реновира во средниот ред по заминувањата на Касемиро, Крос и Модриќ и тоа не може да се направи во еден преоден рок. Ќе мора да бидат донесени важни одлуки ова лето, – изјави Мијатовиќ.