Александер Исак долго беше поврзуван со трансфер во редовите на Ливерпул, но откако Њукасл се одбрани од нападите на премиерлигашкиот ривал, најавен е неочекуван епилог според кој шведскиот репрезентативец сепак ќе си замине од „Ст.Џејмс Парк“.
Исак добил исклучиво атрактивна понуда од Саудиска Арабија, односно од Ал Хилал, а Њукасл им дозволил на неговите агенти да преговараат за трансферот.
Премиерлигашот очигледно е задоволен што ќе избегне трансфер на Исак во редовите на англиски ривал, додека истовремено ќе може да ја добие истата сума која беше најавена и од Ливерпул.
25-годишниот шведски репрезентативец последната сезона играше во импресивна форма и очекувано беше дека за него ќе се борат повеќе клубови, но трансфер во Саудиска Арабија во овој период од кариерата дефинитивно не беше очекувано сценарио.
Додека Исак преговара со Ал Хилал, Ливерпул веќе си го обезбеди Иго Екитике како нов фудбалер со офанзивни задачи на „Енфилд“.