Барселона објави детали за „Гампер Купот“, ќе се соочи со тим со кого никогаш нема играно

Дерби

22/07/2025

12:20

580

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот прволигаш Барселона официјално објави детали за 60. издание на традиционалниот „Жоан Гампер Куп“.

Каталонците посакуваат со овој меч да се вратат дома на новиот „Камп Ноу“. меѓутоа и покрај најавите тоа сценарио нема да се реализира затоа што не се исполнети сите услови, поточно клубот не доби дозвола од властите.

Мечот ќе се игра 10 август од 21 часот на стадионот „Јохан Кројф“, а ривал на избраниците на Ханси Флик ќе биде калчолигашот Комо кој е предводен од некогашниот ас на Барселона, Сеск Фабрегас.

Ова за Барса ќе биде последна подготовка пред стартот на сезоната и соочувањето со Мајорка на 16 август.

Имено ова ќе биде историски меч затоа што двете екипи никогаш не играле меѓусебе иако имаат долг стаж, шпанскиот тим постои 125 години, а Комо 118 години.

За Комо настапуваат Серхи Роберто и Алекс Вале, двајца поранешни играчи на каталонскиот великан.