Играч на Јувентус не се појави на подготовките, клубот најави дисциплински мерки

Дерби

24/07/2025

13:15

759

Големина на фонт

а а а

Јувентус денеска ги започна подготовките за новата сезона, а самиот старт донесе и еден неочекуван проблем, неоправдано отсуство на Даглас Луиз.

Бразилецот имаше катастрофална сезона во таборот на „бјанконерите“, одигра 27 натпревари на кои не запиша ниту гол, ниту асистенција. Тој сака да си замине од Јувентус и за него има интерес од Премиер лигата, па со вакви потези како денешниот сака да ја забрза постапката.

Меѓутоа има правила на игра и веќе е најавено дека калчолигашот ќе преземе дисциплински мерки и Луиз сигурно ќе заработи казна поради тоа што не се појави на првиот дел од подготовките.

„Старата дама“ сака да добие најмалку 40 милиони евра за неговите услуги.