Неверојатно откритие на научниците: Доматот го создал компирот?!

Точка

01/08/2025

12:46

663

Големина на фонт

а а а

Научниците од Институтот за земјоделска геномика во Шенжен, Кина, откриле дека компирот еволуирал од билка поврзана со доматот. Пред речиси девет милиони години, див домат во Андите се вкрстил со билката „Etuberosum“, а преку хибридизација настанале првите билки што подоцна станале компир, пишува „The Guardian“.

„Компирот наследил гени од ’двата родитела‘, што му овозможило да развие скробни грутки, кои го направиле хранлив и отпорен на зима или суша“, изјави професорот Санвен Хуанг.


Научниците го анализирале геномот на компирот и откриле дека два гена – еден од доматот, а другиот од „Etuberosum“ – заедно го активираат процесот што ги трансформира подземните стебла во грутки. Ова откритие дава увид во тоа како хибридизацијата може да создаде сосема нови органи, па дури и нови видови билки, велат научниците.


Иако компирот еволуирал од тој хибрид, денес се одгледува во многу делови од светот, додека во Андите се развиени бројни сорти на компир. Компирот долго време бил непознат во Европа, а дури откако Шпанците го донеле во 16 век, тој станал важна намирница поради неговата хранлива вредност и способноста да расте во лоши услови.


Истражувачите сега се обидуваат да создадат нови сорти на компир, па дури и да одгледуваат грутки во домати користејќи ги овие гени, иако сè уште е во експериментална фаза.