Во среда на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските темперарури се движат од 10 до 20, а највисоките дневни ќе бидат во интевралот меѓу 24 и 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Темепратурата ќе достигне 33 степени.