[ВИДЕО] Силна експлозија во центарот на руски град, има повредени

Макфакс

14/08/2025

11:06

393

Големина на фонт

а а а

Снимки од експлозиите во Ростов на Дон, град во јужна Русија, денес се шират на социјалните мрежи.

Според првичните извештаи, дел од покривот на станбена зграда наводно бил погоден од дрон, а експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови.

Локалните медиуми објавија дека пет лица се повредени – тројца жители на зградата и двајца минувачи. Во градот на сила е тревога за воздушен напад.