Балон на топол воздух се урна во Холандија: Еден загинат, петмина повредени

Макфакс

14/08/2025

11:07

324

Големина на фонт

а а а

Едно лице загина, а петмина се повредени откако балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.

„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри во земјата“, соопштија властите на Фрисланд, додавајќи дека полицијата започнала истрага за несреќата.

Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри во земјата, предизвикувајќи корпата да отскокне, исфрлајќи пет лица од него.