[ФОТО] Познат пејач уапсен, па присилно хоспитализиран: „Мојот привремен притвор во јавна психијатриска установа беше извршен без мое знаење и без моја согласност...“

Точка

15/08/2025

19:34

1.695

Големина на фонт

а а а

Јоргос Мазонакис, кој веќе три децении ужива голема популарност како во родната Грција, така и на европската сцена - завршил во психијатриска установа.

Неговите адвокати веднаш поднеле жалба, а пејачот за својата хоспитализација изјавил дека е „присилна“ и дека зад сè стои неговото семејство.

Пејачот кој се појавил на сцената далечната 1993 година и направил голема кариера, е уапсен и спроведен во психијатриска клиника. Јоргос Мазонакис тврди дека тоа е направено без негово знаење и согласност, по пријава од семејството со кое одамна не е во добри односи.


Неговиот адвокат поднел жалба, но останува прашањето дали таа ќе биде уважена. Мазонакис го опишува своето искуство како „непријатно изненадување“.

„Моето привремено затворање во јавна психијатриска установа е извршено без мое знаење и без моја согласност. Одеднаш, утрово, враќајќи се дома по утринското пливање, ме дочека непријатно изненадување – поточно, патролен автомобил на грчката полиција кој ме замоли, по налог на обвинител, да бидам префрлен во јавна психијатриска установа на преглед.

Според законот, кога една или повеќе лица од блиско семејство поднесат барање до обвинител дека нивниот роднина му е потребн психијатриска хоспитализација бидејќи страда од ментално нарушување, тогаш лицето кое го поднесува барањето наредува привремен пренос на наводниот пациент во јавна психијатриска установа“, навел Мазонакис.

Славниот пејач во 2021 година отворено зборувал со новинарот Антонис Шретер за своето искуство за време на воената служба, кога ги поминал првите денови во 414-та воена психијатриска болница во Пентели:


„Ме прифатија како војник. Се претставувам... Првите девет дена во 414-та ги поминав во психијатриската болница во Пентели, каде, разбирате, сите беа во мојата соба. Во тоа време им реков дека имам тешка агорафобија и најмногу ме плашеше како ќе се справам со странци во близина. Тоа им го објаснив. Ме сместија таму за да добијам одложување на воената служба. Приказната не заврши добро, бидејќи не добив одложување и отидов во затвор. Ми рекоа дека сум добро и дека мојата агорафобија ќе помине. Ми беше тешко во воената психијатриска болница затоа што немавме вилушки, бев зад решетки, имав одредено време за посети... Тоа не беше најдоброто искуство.“


Последните шест години, Мазонакис влезе во отворен конфликт со своите родители, опишувајќи ја „грчката фамилија како благослов и како проклетство“. Преку адвокати, неговите најблиски му одзеле дел од парите кои ги заработил со пеење и инвестирање во различни бизниси.