Сагата која траеше речиси лето беше комплетирана во последниот ден од летниот преоден рок, откако Њукасл на крајот сфати дека не може со сила да држи играч кој не размислува да се врати во тимот на Еди Хау.
Александер Исак објави бојкот и издејствува посакуван трансфер во Ливерпул, а откако истиот се реализираше за сума од 125 милиони фунти, почнаа да пристигнуваат и „отровни стрели“.
Њукасл со доста оскудно соопштение го потврди заминувањето на напаѓачот, но дефинитивно, посебно внимание привлекува пораката која ја испрати неговиот агент Владо Лемиќ.
Српскиот менаџер предизвика лавина од реакции со својот коментар, особено кај фан базата на клубот од Северот од Англија.
– Убаво е кога имаш со кого да бидеш, но уште поубаво е кога знаеш со кого веќе нема да бидеш никогаш, – гласи пораката на Владо Лемиќ посветена на Њукасл.