Антони одбил понуда од европски великан: Му имав дадено збор на Бетис

Дерби

03/09/2025

12:10

203

Големина на фонт

а а а

Антони го комплетираше преминот во Реал Бетис во последниот ден од летниот преоден рок и стави официјален крај на голготата во Манчестер Јунајтед, клуб со кој веќе нема никаква врска со оглед на тоа што направи перманентен трансфер во шпанскиот клуб.

Бразилецот по секоја цена сакаше да си замине од Јунајтед каде два месеци беше исфрлен од првиот тим и тренираше индивидуално, а на денот кога беше официјално промовиран како нов фудбалер на Бетис, Антони на новинарите им откри дека имал понуди и од други клубови од Европа.

Најзвучно име од сите останати бил германскиот шампион Баерн Минхен, кој според верзијата на самиот фудбалер, му понудил и 7 милиони евра годишна плата.

– Разговарав со Баерн Минхен и мислам дека ми понудија околу 7 милиони евра годинишно, но јас им реков дека му имам дадено збор на Бетис. Им кажав дека работата е 95 проценти завршена и дека ќе си останам на зборот.

– Бев целосно мирен додека ја носев таа одлука. Навистина сум многу среќен во Бетис, во клубот, но и во градот Севилја. Ми се јавија повеќе од пет клуба, но тука се чувствувам како во Бразил, – изјави Антони.