Гундоган им се обрати на фановите: Си заминав од Сити само поради една причина

Дерби

03/09/2025

12:12

384

Големина на фонт

а а а

Илкај Гундоган ќе заигра и за трет клуб во неполни 15 месеци и тоа стана јасно со најавата дека ќе прави трансфер во последниот ден од летниот преоден рок, а откако Галатасарај го потврди ангажамнот на искусниот играч за врска, дојде време за разделба и нова проштална порака од поранешниот германски репрезентативец.

Гундоган минатото лето се врати во Сити после една сезона во Барселона, но 12 месеци подоцна, Илкај одново си заминува од Манчестер, но овојпат се чини дека нема враќање назад.

Илкај на 35-годишна возраст сфати дека ќе има целосно секундарна улога во актуелниот тим на Пеп Гвардиола, па во својата проштална порака, им порача на фановите дека си оди само поради тоа што има потреба да игра фудбал во завршната фаза од неговата кариера.

– Драги фанови на Сити, сакам да бидам искрен со вас. Единствената причина поради која си одам е едноставна: Се уште сакам да играм фудбал што е можно почесто, тоа е она што го сакам најмногу. Набрзо ќе наполнам 35 години, но се уште се чувствувам фит и верувам дека можам да играм на високо ниво за тим кој се натпреварува во Лигата на шампиони.

– Исто така, не сакав да ја испуштам можноста да заминам во клубот кој е мој омилен од детството, но и во земја која има толку големо значење за мене. Никогаш нема да заборавам што ми даде Сити низ годините, моето време во клубот беше фантастично и неверојатно. Манчестер Сити како клуб и Манчестер како град секогаш ќе имаат специјално место во моето срце, – објаснува Гундоган.