Ѓоковиќ не е задоволен од своето ниво: Не знам како успеав да победам

Дерби

03/09/2025

12:14

273

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ по 14-ти пат се пласираше во едно полуфинале на Ју-Ес Опен и израмни историски рекорд на Џими Конорс, а на патот до ваков успех, Србинот мораше да го победи домашниот миленик и да се справува со публиката на „Артур Еш“.

Ноле по 11-ти пат во кариерата го победи Тејлор Фриц во меч во кој не играше најбрилијантен тенис, но Србинот беше доволно истраен и цврст за да биде подобар во речиси сите клучни моменти.

Ѓоковиќ спасуваше низа брејк топки во вториот сет и истиот го приведе во своја корист, па откако поведе со 2:0, беше јасно дека е многу блиску до победа.

– Да бидам искрен, не знам како успеав да победа. Ова беше неверојатно неизвесен меч, имав среќа да спасувам низа брејк топки во вториот сет. Тој беше подобар играч во вториот и во подобар дел од третиот сет. Последниот гејм исто така беше многу неизвесен и не беше за оние со слаби нерви. Штета што заврши со двојна грешка од негова страна.

– Не сум задоволен од моето ниво, не го чувствував топчето онака какошто сакам и не чувствував дека доминирам во размените. Сепак, победа си е победа и тоа е она што се брои на крајот.

– Ќе повторам, не изиграв добро за свои стандарди, не бев како во претходните две рунди. Ова беше ден кога главни елементи ми беа борбата и срцето, тоа ме однесе до победа, – изјави Ѓоковиќ.