Најновите фотографии што се појавија на интернет форумите даваат појасен увид во наследникот на моделот „Audi TT“ – елегантно, ниско спортско купе.
Сликите откриваат нов дизајн на предната маска, сличен на оној кај моделите „A6“.
Од страните, маската е опкружена со теснии големи отвори за воздух, кои најверојатно го насочуваат протокот кон предните сопирачки – јасен сигнал дека автомобилот е насочен кон перформансите.
Внатрешноста носи нов управувач со кружни команди и копчиња, како и метални рачки на вратите инспирирани од движењето „Bauhaus“, кое имаше значително влијание врз оригиналниот „TT“.
Во официјалното соопштение што „Audi“ првично го објави на своите канадски профили на социјалните мрежи, а потоа брзо го повлече, се наведува дека прикажаниот автомобил е концептно возило кое „не е достапно како сериска верзија“.
Сепак, дизајнот изгледа многу поразумно и подготвено за производство отколку некои од поновите, екстравагантни концепти, што остава простор за можност од варијанта наменета за патна употреба, пренесува „b92“.