Младите кошаркари на Феникс триумфираа во Сараево

Точка

07/09/2025

20:27

963

Големина на фонт

а а а

Младите кошаркари од Феникс М14 се закитија со златни медали на турнирот кој се одржа викендов во Сараево, откако ги победија екипите на Крка Словенија (75:43), Будва Баскет (88:10),Троти (45:31) и Бу2 Старс (77:16) со убедливо водство.

На турнирот учествуваа 19 тима кои се натпреваруваа во четири категории од шест земји:Македонија, БиХ, Србија, Словенија, Црна Гора и Турција. Ова не е прво злато за Феникс 12, тие триумфираа пред неколку месеци и на "Визура" во Белград.