10 најпродавани автомобили во Европа: Германскиот гигант продолжува да доминира на пазарот

Супермен

09/09/2025

15:34

2.491

Големина на фонт

а а а

Во првата половина од 2025 година, автомобилската индустрија во Европа ја предводат најголемите светски произведувачи на автомобили.

Ви претставуваме 10 компании кои забележале најголема продажба во Европа, врз основа на бројот на продадени возила.

„Volkswagen“ е на првото место. Германскиот произведувач продолжува да доминира на пазарот во Европа. Со продажба од 1.801.000 возила, овој бренд ја одржува својата позиција на лидер меѓу произведувачите.


Следи „Stellantis“ којшто продолжува значајно да го зголемува своето присуство. Оваа група, која ги опфаќа брендовите како што се „Peugeot “, „Fiat“, „Opel“ и „Citroën“, забележала значаен пораст на продажбата, достигнувајќи 1.045.000 автомобили.

На третото место се наоѓа „Renault“. Францускиот произведувач останува меѓу водечките брендови во Европа, со продажба од 704.000 автомобили.

„Hyundai-Кia“ бележи продажба од 541.000 автомобили. Корејските произведувачи постепено преземаат сѐ поголем удел на европскиот пазар. Првите пет на листата ги заокружува „BMW“. Брендот познат по своите луксузни возила продолжува добро да делува во Европа. Со продажба од 485.000 автомобили, „BMW одржува висок удел на пазарот со премиум возила.

„Toyota“ е на шестото место. Јапонскиот гигант бележи продажба од 479.000 возила. „Mercedes-Benz“ продал 355.000 автомобили. Германскиот произведувач на луксузни возила продолжува да бележи моќна продажба и е еден од најпознатите брендови во премиум сегментот.


На осмото место е „Ford“. Американскиот произведувач има 257.000 продадени автомобили и ја одржува стабилната позиција на европскиот пазар.

„Geely“, кинескиот произведувач којшто станува релевантен на глобалната автомобилска сцена, продава по 202.000 автомобили во Европа.

На десеттото место се наоѓа „Nissan“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk