[ФОТО] Верувате ли дека има 60 години? Актерката се соблече во бикини, па привлече големо внимание со сексапилот

Супермен

11/09/2025

09:44

2.726

Големина на фонт

а а а

Актерката Елизабет Харли и на 60 години привлекува внимание на плажа. На Инстаграм овојпат споделила фотографија во бело бикини од својата колекција „Elizabeth Hurley Beach“ со опис: „Збогум на најдоброто лето“.

Бело бикини и коментари од обожавателите

На фотографијата Харли позира во бело бикини со златни ланци на колковите, додека пак косата ѝ паѓа слободно. Темните очила за сонце дополнително го разубавиле нејзиниот изглед.


Коментари од фановите под објавата: „Ги оставаш жените помлади од тебе во сенка“, „Верувам дека си најзгодната 60-годишна жена на планетата“, „Најубавата жена на светот“...


Убавина која ја должи на генетиката

Ова не е првпат Харли да ги покажува своите совршени облини. Во текот на летото таа објавила фотографија на која позира со својата мајка Анџела по повод нејзиниот 85 роденден. Додека мајка ѝ носела едноделно бикини со длабоко деколте, Елизабет блескала исто така во бикини, а и двете го надополниле изгледот со бели наметки.


Љубовта со Били Реј Сајрус

Елизабет неодамна беше во центар на внимание поради емотивниот живот. Годинава откри дека е во врска со кантри пејачот Били Реј Сајрус. На Инстаграм тие објавија заедничка фотографија на која пејачот ја бакнува актерката во образ.

Тие двајца се запознале на снимање на филмот „Christmas in Paradise“ во 2022 година, а повторно се поврзале кога Харли му даде поддршка на Сајрус по разводот од пејачката Фајероуз.


Сајрус признал дека токму пораката од Елизабет Харли пристигнала во момент кога му било најтешко:

„Бев на дното, а потоа се појави нејзината порака. Го немав меморирано нејзиниот број. Кога прашав кој е, одговори: Елизабет Харли. Во тој момент беше пријател којшто ми ја врати насмевката“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk