[ВИДЕО] Каков домаќин! Рецептот за џем од сливи на Дејвид Бекам: Сите полудеа по деликатесот направен од рацете на поранешниот фудбалер

Точка

14/09/2025

17:27

1.248

Големина на фонт

а а а

Некогаш светски познат по фудбалот, денес Дејвид Бекам се посветил на градинарството и, изненадувачки – на правење џем! Инаку, Бекам секое утро ги обиколува кокошките, се грижи за пчелите и работи во градината на својот двор во Котсволдс, и изгледа дека таа рутина му годи совршено.

Кога сливите созреале, Дејвид одлучил да направи џем. Првата тура ја готвел со обичен шеќер, а за втората – поздравата верзија – користел фруктоза. Сопругата Викторија го снимала, а тој смешно ги означил теглите како „Beckjam“ (Бекџем). Интернетот експлодирал од реакции на воодушевени жени.

Очигледно, Бекам во оваа фаза од животот ја пронашол својата вистинска страст: уживање во едноставните задоволства, како работа во градината и овоштарникот, одгледување кокошки и готвење, па дури и правење зимница, како џем од сливи. И додека Викторија внимателно документирала сè Инстаграм, Дејвид уживал во новата, поопуштена улога – домаќин.


На снимката можете да видите на кој начин Дејвид Бекем го направил својот џем од сливи, а ние ви даваме рецепт за џем од сливи со рум.

Џем од сливи

Состојки:

• 5 кг сливи;

• 1 кг шеќер;

• 2 лимони;

• 200 мл рум.

Подготовка:


Измијте ги сливите и извадете ги коските. Во тенџере ставете ред сливи, ред шеќер, и така додека сè не потрошите. Оставете да стои преку ноќ на ладно место. Гответе на средна температура. Кога смесата ќе се згусне, додадете лимон кој сте го излупиле и исекле на кругови. Пред самиот крај на готвењето додадете рум. Џемот е готов кога ќе ја подигнете кутлачата, а од неа тој ќе паѓа во парчиња. Истурете го во стерилизирани тегли кои претходно малку сте ги загреале во рерна и ставете ги во млака рерна со малку отворени врати да се излади и да се создаде кора одозгора. Изладениот џем затворете го со целофан и капак.